ХОЛАНДИЈА ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА Потрошувачката и извозот се намалени

Инфлацијата во Холандија забавува откако во септември минатата година достигна врв од 14,5 отсто, но останува релативно висока на околу шест отсто во вториот квартал од 2023 година.

95

Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка која денеска ја објави холандската агенција за статистика.

Петтата по големина економија во еврозоната забележа пад втор квартал по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци од годината.






Холандскиот економски раст беше близу пет проценти во 2021 и 2022 година, поради закрепнувањето од падот предизвикан од пандемијата на ковид-19.

Првата постпандемиска рецесија беше предизвикана од падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација што ја поскапи храната и ги зголеми сметките за енергија во Холандија и на нејзините трговски партнери. Потрошувачката е намалена за 1,6 отсто, а извозот е за 0,7 отсто помал во однос на првите три месеци од годинава.

Инфлацијата во Холандија забавува откако во септември минатата година достигна врв од 14,5 отсто, но останува релативно висока на околу шест отсто во вториот квартал од 2023 година.

 

Поврзани содржини