📽 ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО НОРВЕШКА Едно лице загина, а пет се извлечени живи од океанот

Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, информираа од спасувачките екипи.

117

Едно лице загина, а пет се повредени кога хеликоптер се урна во океанот во близина на западна Норвешка, соопшти денеска норвешката полиција.

Хеликоптерот Сикорски С-92 бил во мисија за пребарување и спасување вчера кога се случила несреќата, соопштија официјални лица.






„Спасувачите извлекоа шест лица од морето, но едно лице подоцна беше прогласено за мртво во болница“ – се вели во соопштението на полицијата.

Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, информираа од спасувачките екипи.

Причината за несреќата сè уште не е позната. Од компанијата Локхид Мартин Сикорски, која го произведе хеликоптерот, вчера рекоа дека безбедноста е нивниот главен приоритет и дека ќе ја поддржат истрагата за несреќата.

Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.

Поврзани содржини