🎥 ХЕГСЕТ „СЕ ИЗГУБИ“ НА СОСЛУШУВАЊЕ ВО КОНГРЕСОТ Не знае колку генерали разрешил, не знае зошто…
Во последните недели неколку високи офицери на армијата на САД беа отстранети или маргинализирани, без јасни образложенија.
Државниот секретар за одбрана на САД Пит Хегсет се најде во непријатна ситуација на сослушување пред Конгресот да не може да даде објаснување зошто ги разрешил генералите среде војна, а не знаеше да каже ниту колку високи офицери има разрешено досега.
На прашање на демократскиот конгресмен Адам Смит, кој го води Комитетот за вооружени сили во Претставничкиот дом, Хегсет одбегна да даде директни одговори и изгледаше збунето.
– Колку генерали се разрешени досега – праша Адам Смит.
– Не го знам точниот број, тие служат по воља на претседателот – одговори Пит Хегсет.
– Осум, рече конгресменот, осум имате сменето. Може да објасните зошто?
– Претседателот има право да го избере тимот во кој има доверба – рече Хегсет.
Потоа Смит се обидува да добие одговор на прашањето зошто се сменети овие офицери, на што Хегсет повторно одбегна директен одговор.
– А знаете ли воопшто што значи зборот „зошто“ – рече на крајот конгресменот Смит со повишен тон.
Во последните недели неколку високи офицери на армијата на САД беа отстранети или маргинализирани, без јасни образложенија. Овие потези се толкуваат како обид на Хегсет да воспостави цврста контрола врз воениот врв, но истовремено предизвикуваат сериозно незадоволство и отпор.
Смената на началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Ренди Џорџ, и генералот Дејвид Ходни ги изненади воените лидери и предизвика длабока загриженост кај одбранбените претставници.
Џорџ и Ходне се најновите во низата генерали и високи офицери што ги отпушти министерот за одбрана Пит Хегсет.
Минатата недела беше разрешен врвниот генерал Ден Дрискол, наводно поради стравувањата ан Хегсет дека може да го замени на неговата функција на секретар за одбрана. Набргу потоа Хегсет побара оставка и од началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Ренди Џорџ – близок соработник на Дрискол, без да даде јавно објаснување за одлуката.
ХАОС ВО БЕЛАТА КУЌА Кој ќе биде следниот на кого Трамп ќе му каже „отпуштен си”?