ХАУСМАЈСТОР ДОПИРАЛ СРЕДНОШКОЛКА Таа отишла прво кај психологот, па на гинеколог

1,145

Ученичка од скопско средно училиште била допирана од хаусмајсторот, соопшти полицијата.

На 13.11.2023 околу 19.30 часот во СВР Скопје, лекар од Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје пријавил дека кај нив на преглед дошла 18-годишна ученичка од средно училиште на подрачје на Карпош.






Според пријавеното, 55-годишен хаусмајстор во училиштето ја допирал по телото и таа го пријавила случајот кај психологот во училиштето.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини