Хаос, карантин, теории на заговор! За серијата која беше снимена лани зборуваат сите, а ја предвиде пандемијата (ВИДЕО)

Серијата, чиј наслов во превод значи „бавно горење“, но е воедно и име на остров, говори за тоа како животот на истоимениот остров запаѓа во хаос и уништување кога ќе завладее вирусот.

1,882

Кога е откриена болест слична на птичји грип во северна Кина, луѓето кои живеат на идиличниот остров во Северното море воопшто не размислувале за тоа.

Но, еден ден морето исфрла едрилица во која биле мумифицирани тела на британски пар. Подоцна се покажа дека тие со себе донеле вирус. Ова звучи како заплет инспириран од ковид-19, но всушност, е „Sløborn“, ТВ серија во германско-данска копродукција е снимена минатата година, додека Европа и остатокот од светот не беа зафатени од пандемијата, а во Германија од минатата недела започна да се прикажува на телевизија.






Серијата, чиј наслов во превод значи „бавно горење“, но е воедно и име на остров, говори за тоа како животот на истоимениот остров запаѓа во хаос и уништување кога ќе завладее вирусот.

На жителите на островот им советуваат да носат маски за лице и да практикуваат социјално дистанцирање. Се воведува карантин, а изобилуваат и теориите на заговор за почетокот на епидемијата.

Авторите на серијата ја опишаа како „постапокалиптичен катастрофален трилер претворен во модерен еп“ кој истражува „што се случува со модерните луѓе кога ќе се распадне тенок лак од нашата цивилизација“.

Емитувањето за малку ќе било откажано, откако раководството на ТВ-куќата „ZDF“ изразиле загриженост дека гледачите можеби ќе сметаат дека е премногу реална.

– Прашање беше дали можеме од нашата публика да бараме серијата да ја гледа токму сега – рече писателот и режисер Кристијан Алварт пред почетокот на емитувањето.

Алварт, кој се консултирал со вирусолози и персонал од брза помош за да открие како Германија се подготвува во случај на смртоносна пандемија, рече дека бил инспириран од помислата дека катастрофите „главно се случуваат на друго место“ и се прашувал како би било ако такво нешто се случи во нивна близина.

– Бев зачуден како постојано во медиумите слушаме за катастрофите во светот, а обично нашиот живот и натаму се одвива нормално – вели Алварт.

Кога Германија беше во карантин, серијата веќе била во постпродукција.

– Се наежив од самата помисла на тоа што снимавме минатата година – додава режисерот.

Германските ТВ критичари нежно ја исмеваа серијата која кон крајот на 2019 година беше снимена на гермаскиот остров Норденеј и полското крајбрежно одморалиште Сопот.

„Не е многу суптилна“, беше пресудата на „Шпигел“, која се однесуваше на еден од симптомите на болеста: крварење на очите. „Суддојче Цајтунг“ напиша дека серијата би можела „да се доживее како хорор филм на хорор и катастрофа, доколку во последните неколку месеци немаше постојани потсетници за вистинските вести“. „Цајт“ ја опишува серијата како „претпазлива серија за корона вирус, измислена позадина на нашата реалност во последните неколку месеци.

Поврзани содржини