Мал лапсус на пратеникот Изет Меџити. Требаше да каже прашајте го лидерот на ДУИ Али Ахмети дали Насер Зибери ќе биде премиер 100 дена оти договорите ги прави Ахмети и тие поминуваат на Централното претседателство на ДУИ. Ова во Топ тема го изјави првиот вицепремиер Артан Груби како одговор до Меџити кој денеска го прозва тој да одговори кој ќе биде премиер 100 дена оти Зибери е избран за народен правобранител.
– Се работи за гаф.Меџити ми е пријател заедно бевме во средно училиште, тој е ветеран во политиката има функции во ДУИ од почетокот и има многу да се учи од него – рече Груби одговарајќи на прашањето за ривалството меѓу него и Меџити.
Груби негира дека Меџити се налутил оти и тој претендирал за функцијата прв вицепремиер.
– Не бевме ривали. Амбиција на Меџити беше да биде пратеник и претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Кој ќе биде станар во Владата одлучува Ахмети. Предлогот за кабинетот на владата е на Ахмети. Имаме аплсоутна доверба во Ахмети и мислам дека никој досега не ги спорел одлуките на лидерот – вели Груби а, за несогласувањата во партијата вели дека се внатрепартиска демократија.