ГРУБИ И РУСТЕМИ ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ ЗА КОРИДОРОТ 8 Наскоро ќе има детален извештај, вели Касами

И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со „Бехтел и Енка“ одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, го имаме ја алармираше јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат, изјави Билал Касами.

704

Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на Коридорот 8 да продолжи.

Касами исто така рече дека актуелниот министер за транспорт, Александар Николовски и директорот на сегашната НП „Државни патишта“, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, додека истакна дека најверојатно поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на НП „Државни патишта“ треба да сносат одговорноста за активностите поврзани со овој проект.






– И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со „Бехтел и Енка“ одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, го имаме ја алармираше јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат – изјави Касами.

 

Поврзани содржини