Груби: Да не сакав да оддадам почит немаше да бидам во делегацијата, време е за помирување
Сепак, тој не одговори зошто не се поклонил пред споменикот на загинатите „Тигри“.
Првиот вицепремиер Артан Груби за Плусинфо вели дека тенденциозни се информациите дека не оддал почит на Тигрите.
– Тенденциозни се известувањата. Да не сакав да оддадам почит немаше да прифатам да бидам дел од делегацијата. Тука сум затоа што е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор – изјави Груби за Плусинфо.
Сепак, тој не одговори зошто не се поклонил пред споменикот на загинатите „Тигри“.
Од преносот кој се емитува во живо, впечатливо е дека Груби не се поклони пред плочата на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар. Тој беше дел од делегацијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче кои оддадоа почит.
Денеска се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.