ГРУБ ПРИТИСОК И ЗАПЛАШУВАЊЕ Партија реагираше по приведување на кандидат за градоначалник

Од партијата велат дека по извршениот разговор во полиција човекот бил пуштен бидејќи немало кривично дело.

609

По приведување на кандидат за градоначалник, се јави неговата партија со соопштение во кое неколкучасовното задржување го оцени како груб притисок и заплашување.

„Во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода“, наведува партијата во  реакцијата.






Од МВР во редовниот билтен соопштија дека поради изборен поткуп приведен е поткупувачпт о човекот кој ги добил парите.

„На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан жител од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и друго лице кое примило 3000 денари од приведениот во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица. Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини