ГРАВЧЕ СИ Е ГРАВЧЕ Го намалува ризикот од рак, срцеви заболувања, висок крвен притисок

Гравот е добар извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, содржи малку маснотии и нема заситени масти и холестерол.

244

Научниците открија дека исхраната богата со грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и одредени видови на рак. Упатствата за здрава исхрана на американската влада од 2005 година препорачуваат три шолјички грав неделно.

Секојдневното консумирање на варен грав е поврзано со помала концентрација на таканаречениот лош (ЛДЛ) холестерол во крвта.






Гравот има висока енергетска вредност и ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини. Покрај тоа, содржи лецитин, како и калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Тој е одличен извор на протеини, а од витамините е одличен извор на фолна киселина, витамини Б6, К, рибофлавин (Б2) и Б3.
Асортиманот на фитохемикалии кои се наоѓаат во гравот ги штити клетките од рак и го забавува растот на туморот. Истражувачите од Харвард велат дека жените кои консумираат грав најмалку два пати неделно имаат 24 отсто помали шанси да развијат рак на дојка, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и рак на дебелото црево.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини