ГРАНТОТ ЗА ФРИЗЕРНИЦАТА ПРВИЧНО БИЛ ОДБИЕН, ПА ДИМОВА ЛИЧНО УРГИРАЛА? Тројката Колеќеска-Димова-Златковски правела фати-пушти пред конечната одлука
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен. Како бил рангиран грантот, прашува Валентин Манасиевски тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ има нови информации од свиркачи за скандлалот со Еразмус+.
Грантот од 270 илјади евра од програмата Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Лидија Димова од СДСМ ургирала и го преиначиле во одобрен, тврди Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
На прес-конференција Манасиевски обвини и дека за грантот лично интервернирала Маја Колеќњска, вработена од страна на Димова.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Манасиевски.
„Преку свиркачи, добивме информација за која СДСМ и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен.
Дали е точна информацијата, дека раководителката на одделението за буџетска контрола во Еразмус +, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен.
Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од останатите кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?
Лицемерно е СДСМ да зборува за криминал и корупција, кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДСМ никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.
Затоа, народот кога ќе ја слушне кратеницата СДСМ, првата асоцијација им е криминал и корупција“.