ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ЗА КАТОЛИЧКИ БОЖИК И ЗА НОВА ГОДИНА Земјоделците ќе направат две паузи на блокадите

Земјоделците ќе ги прекинат блокадите и ќе ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

250

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за патниците за време на католичкиот Божик и за Нова година, информираа грчките медиуми откако земјоделците одлучија да направат пауза и да им овозможат на туристите да празнуваат во Грција.

Земјоделците ќе ги прекинат блокадите и ќе ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.






Како што пренесуваат грчките медиуми, тие сакаат да им овозможат на граѓаните да ги реализираат своите планови за прослава на Божиќ и на Нова година во Грција.

Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците  се исполнети.

„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само 7 не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.

Земјоделците, пак, не се откажуваат од сите барања. Тие ги започнаа протестите 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини.

Поврзани содржини