Гранде Пандев му испрати видео-порака на Ериксен: Те чекам на теренот! (ВИДЕО)
Фудбалската федерација на Данска објави видео со пораки кои стигнуваа од сите страни, една од нив беше од Горан Пандев.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во име на целиот тим, му посака успешно закрепнување на данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен.
Фудбалската федерација на Данска објави видео со пораки кои стигнуваа од сите страни, една од нив беше од Горан Пандев.
– Здраво Кристијан. Поздрав од мене и моите колеги, сите ти посакуваме што побрзо закрепнување. Те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе. Форца Кристијан! – порача Пандев.