ГРАМ ЗЛАТО ДОСТИГНА ЦЕНА ОД 155 ДОЛАРИ Геополитичките тензии ја зголемуваат побарувачката на овој благороден метал
Ваквиот раст на цената на златото, кое традиционално се смета за инвестиција во безбедни засолништа, беше поддржан од зголемените геополитички и трговски тензии, континуираното купување од страна на централните банки и очекувањата за пониски каматни стапки следната година.
Цената на златото денеска за прв пат надмина 4.410 долари за унца, односно 155 долари за грам или 133 евра (една унца = 28,349 грамови), поттикната од растечките очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки во САД и силната побарувачка за благородниот метал.
Од почетокот на годината златото порасна за околу 67%, надминувајќи неколку рекорди и за прв пат пробивајќи ги границите од 3.000 и 4.000 долари за унца. Со најновата цена на пат е да го постигне својот најголем годишен раст од 1979 година.
Ваквиот раст на цената на златото, кое традиционално се смета за инвестиција во безбедни засолништа, беше поддржан од зголемените геополитички и трговски тензии, континуираното купување од страна на централните банки и очекувањата за пониски каматни стапки следната година.
Слабеењето на американскиот долар дополнително ги зголеми цените бидејќи златото станува поевтино за странските купувачи.
И вториот благороден метал среброто забележа раст на цената. Тоа денеска се продаваше по историски максимална цена од 69,4 долари за унца. Среброто забележа раст од дури 138% од почетокот на годината.
На пазарите на други благородни метали, платината се искачи на 2.058 долари, што е највисоко ниво за повеќе од 17 години, додека паладиумот се искачи на 1.784 долари за унца, што е близу до највисокото ниво за три години.