Градот сепак нема да отвори депонија за хаварисани возила во Драчево
Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.
Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.
– Денес на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци! Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука. Но во Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните, па дел од советниците рекоа не на лошите политики на СДСМ – соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.
Инаку доколку се донесеше ваквата одлука која е проблематична имајќи го предвид фактот што илјадници возила ќе завршат на една локација во населбата Драчево. Искуството од минатото говори дека во близина на ваквите депонии редовно се горат кабли и акумулатори со цел да се дојде до вредните метали кој понатаму би се препродавале.
Сите хаварасина возила од помеѓу општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.