🎥 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗЕЛЕНИКОВО САМ ТРГНАЛ СО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ДА ГАСНЕ ПОЖАР Огнот бил изгаснат на неколку метри од куќите
Во драматична акција ноќеска бил ставен под контрола пожарот што избил во Зелениково и опасно се доближил до куќите. Благодарение на брзата интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, огнот бил спречен на неколку метри од последните куќи.
Градоначалникот соопшти дека пожарот избил околу 2 часот по полноќ кога добил телефонски повик од жители.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека самиот Маневски со општинското противпожарно возило лично дошол до местото на пожарот.