Градинките во Карпош се подготвени да започнат со работа в среда

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска одржа состанок со директорките на градинките „Мајски цвет”, „Орце Николов”, „Распеана младост” и „Пролет”.

409

Општина Карпош соопшти дека ги презема последните активности за безбеден прием на децата во градинките.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска одржа состанок со директорките на градинките „Мајски цвет”, „Орце Николов”, „Распеана младост” и „Пролет”.






Констатирано е, како што се посочува, дека во сите градинки заврши процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на занималните, кујните, тоалетите и канцелариите.

Приемот во секој објект на предучилишна установа ќе се одвива согласно донесениот Протокол, со зголемени контроли и надзор, потенцираат од општината и ги повикуваат сите чинители, родители, воспитниот кадар и управите на градинките да бидат уште поодговорни и потолерантни овој период, со повторното отворање на детските установи.

Општина Карпош продолжува да биде партнер и поддржувач во креирањето на подобри услови во предучилишното образование, стои во соопштението.

Поврзани содржини