ГРАДЕЖНИШТВОТО ПОРАСНА ЗА 7,3, ТРАНСПОРТОТ И СКЛАДИРАЊЕТО ЗА 6% Четири квартали по ред економијата се зголемува за 3% и повеќе
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство. Во второто тримесечје од годинава, бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%, велат од партијата и додаваат дека новата влада ја стабилизирала економијата која, како што велат, во времето на СДСМ била во слободен пад.
Градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%, соопшти ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги економските политики на владата во однос на, како што велат, економскиот пустош наследен од СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ економијата се стабилизираше, додека, како што се вели во текстот, четири квартали последователно, бруто домашниот производ расте со три или над 3%.
„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство. Во второто тримесечје од годинава, бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%.
Сето ова резултира и со отворање повеќе и подобро платени работни места и намалување на невработеноста. Имено, во вториот квартал годинава, споредено со истиот период лани, стапката на невработеност е намалена на 11,5%, односно еден процент помалку.
Преточени во бројки овие проценти значат дека денес имаме околу 10.000 нови вработени и за седум илјади помалку невработени.
Позитивни резултати има и кај надворешната трговска размена, така што во јули извозот порасна за 4,69%, додека во периодот од јануари до јули извозот е зголемен за 5,41%.
Ова не се само статистички проценти, туку реални резултати на одговорни и добро проектирани мерки и политики кои значат подобри услови за економијата, повеќе работни места и подобар живот за граѓаните.
Овие податоци се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ знае, сака и умее со посветена и чесна работа да покаже резултати во интерес и за подобар живот на сите, велат од партијата во соопштение до јавноста.