Град Скопје: Таксистите да возат со маски и ракавици
Исто така известени се сите приватни превозници на автобусите во јавниот превоз, да ги дезинфицираат возилата пред да бидат пуштени во сообраќај, како што тоа се прави во автобусите на ЈСП „Скопје“.
Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси воз илата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици).
Исто така известени се сите приватни превозници на автобусите во јавниот превоз, да ги дезинфицираат возилата пред да бидат пуштени во сообраќај, како што тоа се прави во автобусите на ЈСП „Скопје“.
Автобусите на ЈСП „Скопје“ вонредно се дезинфицираат од пред две недели. Возилата се дезинфицираат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10 %, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се држачите. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.
Согласно препораките на Владата, од денеска укинат е бесплатниот автобуски превоз за пензионери, студенти и ученици, а автобусите возат со редуциран возен ред.