ГРАЃАНИТЕ ОЧЕКУВААТ КОНКРЕТЕН НАПРЕДОК НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ Мицкоски и Кошта разговарале за забрзување на европската интеграција на Македонија

Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и за забрзување на европската интеграција, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

4

Денеска остварив средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на која разговаравме за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и за можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук, по средбата со високиот гостин.

„Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и за забрзување на европската интеграција.
Истакнав дека граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат, а поддршката и партнерството од Европската Унија се од особено значење за остварување на тие цели“, објави Мицкоски.

 






Поврзани содржини