ГРАЃАНИТЕ ЧЕКАА СО МЕСЕЦИ Новиот градоначалник на Кисела Вода потпиша 100 легализации

11,625
Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација.
Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните, напиша новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.





 

„Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право. Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина во која секој ќе биде еднаков. Кисела Вода за сите луѓе!“, порача Ѓорѓиевски.
Поврзани содржини