ГРАЃАНИ И ФИРМИ Ѝ ДОЛЖАТ 212 МИЛИОНИ ЕВРА НА ДРЖАВАТА Објавена нова листа на должници на УЈП

Станува збор за долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

35

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници на која се најдоа вкупно 5.156 правни и физички лица со неплатени даночни и царински обврски.

На листата се евидентирани 2.007 правни лица, што е за 66 повеќе во однос на претходната листа, како и 3.149 физички лица, односно за 32 повеќе.

Станува збор за долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност со долг повисок од 120.000 денари, како и правни лица со долг над 300.000 денари.

Според податоците на УЈП, вкупниот објавен нето-долг изнесува 13,08 милијарди денари (околу 212 милиони евра) што е зголемување за над 162 милиони денари (околу 2,6 милиони евра) во споредба со претходната листа.

Од вкупниот износ, 12,86 милијарди денари (209 милиони евра) се однесуваат на даноци и придонеси, додека долгот за царински давачки изнесува 213,57 милиони денари (околу 3,5 милиони евра).

Поврзани содржини