📽️ ГОРИ КЛУЧНА РАФИНЕРИЈА ВО СРЦЕТО НА РУСИЈА Украинците погодија и складиште на Крим

Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа околу 450 километри од фронтот и има клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска. Ова не е првпат да биде цел на напади, а минатата година накратко го прекина производството.

270

Украински дронови, според руски извори, во текот на ноќта погодиле рафинерија на нафта во Волгоград, еден од најголемите енергетски објекти во Русија. Силни блесоци го осветлиле небото над индустриската зона, а снимки со звук од експлозии се прошириле на Телеграм, јави „Киев Индепендент“.

Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа околу 450 километри од фронтот и има клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска. Ова не е првпат да биде цел на напади, а минатата година накратко го прекина производството.

 






Меѓутоа, украинската армија засега не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.

Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, изјави дека еден 48-годишен цивил загинал од шрапнели, а неколку домови се оштетени.

Од друга страна, експлозии се слушнале и во термоцентралата во Волгореченск, во регионот Кострома, околу 740 километри од украинската граница.

Во окупираниот Крим, удар бил извршен врз складиште за нафта во градот Битумне, во близина на Симферопол, објави каналот „Кримски ветер“.

Поврзани содржини