„ГОЛФ“ УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ Сообраќајна несреќа во Македонска Каменица

Во несреќата тешки телесни повреди претрпел сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди поминале возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) од Скопје.

156

На крстосницата на улиците Каменичка и Александар Македонски во Македонска Каменица, вчера се случи тешка сообраќајна незгода, кога „голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(66) од Скопје, директно удри во бетонски столб.

Во несреќата тешки телесни повреди претрпел сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди поминале возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) од Скопје, информира МВР во дневниот билтен.






Сите повреди се констатирани во Клиничката болница Штип, каде на повредените им е укажана медицинска помош. Извршен е увид од екипа на ПО Македонска Каменица.

Поврзани содржини