ГОЛЕМА ГУЖВА НА „ТАБАНОВЦЕ“ И НА „БОГОРОДИЦА“ За влез и за излез од земјава се чека 1 час

Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“ каде што за влез во државава утрово се чека околу еден час.

257

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија.

Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“ каде што за влез во државава утрово се чека околу еден час.






„На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.

Поврзани содржини