🎥 ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА Изгоре фабрика за полимери во Шакти
Во пожар што избувна по експлозија во фабрика за полимери во рускиот град Шакти во Ростовската област, две лица се повредени, а работниците се евакуирани.
Најмалку две лица се повредени во пожар што избувна по експлозија во фабрика за полимери во рускиот град Шакти во Ростовската област, јавија руските медиуми.
Како што објави на Телеграм, Ектареина Стењакина, пратеничка во руската Дума од Ростовската област, експлозијата се случила во фабриката за полимери „Авангард“.
„Се уште ги утврдуваме сите детали. Станбените згради не беа погодени, но фабриката претрпе штета. Пожарот предизвикан од експлозијата сè уште не е изгаснат“ – објави Стењакина.
Таа додаде дека нема загинати, но две лица се пренесени во болница. Работниците во фабриката се евакуирани.
Вибух стався на полімерному заводі “Авангард” у місті Шахти Ростовської області Росії. Відео з російських Telegram-каналів pic.twitter.com/Htz2LjP9xW
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) January 17, 2024
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот избувнал во фабрика во населбата Гидропривод во градот Шакти. Фабриката Авангард, инаку, произведува полимерни пломби за душеци и перници.
Причината за пожарот сè уште не е позната.