ГОЛЕМ ДЕФЕКТ ВО ЧАИР Пукна главна цевка за вода, затворена улицата Цветан Димов
Екипите на ЈП Водовод и канализација во моментов работат на детектирање на проблемот. Тие смеетаат дека станува збор за пукање на главната цевка ф80 и засега не знаат колку време ќе им биде потребно за решавање на проблемот.
Од пред половина час е затворена улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир поради пукната главна водоводна цевка.
Екипите на ЈП Водовод и канализација во моментов работат на детектирање на проблемот. Тие смеетаат дека станува збор за пукање на главната цевка ф80 и засега не знаат колку време ќе им биде потребно за решавање на проблемот.
Поради тоа што самата цевка се наоѓа на улицата, полицијата ја затвори лентата за движење од надвозникот кај Бит-пазар сѐ до семафорите кај супермаркетот „Веро“. Сите возила се пренасочуваат кон споредните улички, па поради тоа се создава метеж од возила во овој дел од градот.