Голем „бум“ во пластичната хирургија за време на карантин

Иако пандемијата на коронавирусот доведе до затворање на многу бизниси во скоро секоја земја во светот, многу клиники за пластична хирургија продолжија да работат, инаку со засилени мерки против ковид-19.

1,698

Клиниките за пластична хирургија ширум светот известуваат за „бум“ на побарувачката и покрај пандемијата со ковид-19, пишува „ВВС“.

Главната причина за зголемениот интерес за третмани за убавина е тоа што луѓето можат да се опорават во мир додека работат од дома, наместо да се грижат за нивниот изглед во првите денови по операцијата.






Иако пандемијата на коронавирусот доведе до затворање на многу бизниси во скоро секоја земја во светот, многу клиники за пластична хирургија продолжија да работат, инаку со засилени мерки против ковид-19.

Во земји како САД, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија, работата на пластичните хирурзи значително се зголеми над нормалното ниво. Илјадници луѓе го одбрале карантинскиот период како најпогоден за вакви процедури – од корекција на носот до инјекции со ботокс во усните.

– Одлучив да ги направам процедурите за време на карантинот затоа што имав можност да се опоравам во мир. Корекциите на усните не се нешто што го прават многу мажи и за многу луѓе се чини чудно. Затоа, го избрав преиодот кога ќе потрошам повеќе време дома – објаснува Арон Ернандез, кој имал липосукција на усните и околу образите во Калифорнија.

Тој се сеќава дека во претходната таква интервенција, усните му биле отечени со денови, па поради тоа не можел да оди на работа.

Род Рорих, кој работи како козметички хирург во Тексас, вели дека имал многу повеќе пациенти од нормалното за време на пандемијата.

– Можевме лесно да работиме шест дена во неделата, ако требаше. Беше навистина неверојатно – рече тој. Според него, можноста да работат од дома инспирирало многу луѓе кои претходно не се решиле на таков чекор, затоа што биле загрижени за периодот во кој ќе треба да се појават во општеството за време на периодот на закрепнување.

– Покрај тоа, сега секој носи маски, па ако имате операција на носот, на пример, скоро никој нема да забележи, дури и ако треба да излезете надвор – рече Рорих.

Сепак, зголемување на побарувачката за третмани за убавина е забележано и во други земји, не само во Соединетите држави. Јужна Кореја, позната по висококвалитетната пластична операција, иако беше една од првите земји во кои се прошири пандемијата.

Но, наместо да наметне тотален карантин, владата предложи план за социјално растојание и ги охрабри луѓето да работат од дома. Клиниките за пластична хирургија во Јужна Кореја известуваат за сериозен одлив на странски пациенти, но во исто време, локалната побарувачка значително расте. Некои од нив дури нудат и специјални попусти за домашните пациенти.

Една 54-годишна учителка од Сеул решила да го искористи времето кога училиштата беа затворени за да има операција на очните капаци. Таа за „ВВС“ изјави дека е тешко за неа да закаже термин бидејќи повеќето клиники во главниот град на Јужна Кореја се преполни.

Болницата „BK Hospital“ во Сеул соопшти дека луѓето се уште се загрижени од почетокот на пандемијата, но по само неколку недели, се повеќе и повеќе пациенти биле подготвени да се подложат на разни козметички операции.

– Пациентите почнаа да се чувствуваат посигурни, и покрај ковид-19. Растот во однос на минатата година е скоро 50%, а трендот продолжува – велат претставниците на медицинската установа.

Тие исто така велат дека има зголемен интерес од странски пациенти. Засега тие ја користат можноста за консултации преку Интернет за да ги подготват процедурите, но се подготвуваат да патуваат што е можно поскоро.

Ниту еднаш официјално не беше воведен карантин ниту во Јапонија, но беше прогласена вонредна состојба, која траеше до 31 мај, а премиерот Шинзо Абе ги советуваше луѓето да останат дома.

Меѓутоа, во земјата на изгрејсонцето, пластичните хирурзи биле презаситени со работа во последните месеци.

Јапонското здружение за естетска медицина дури издаде и официјално предупредување дека пластичната хирургија не е неопходна за повеќето луѓе и побара од нив да ја одложат за да не се зголеми ризикот од ширење на инфекцијата.

Поврзани содржини