Годинава јавната администрација ќе земе К-15

Премирот Заев потенцира дека поради овие трошоци се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и со овие средства се опфатени сите кои што спаѓаат во ваквите колективни договори.

1,180

Премиерот Зоран Заев најави дека оваа година вработените во јавната администрација ќе земат поради тоа што го имаат ветено, но и дека имаат потпишано договор за оваа работа и треба да се реализира.

– Имаше одложување на оваа мерка во 2020 година во исплатата за 2019, поради тоа што кога требаше да се исплаќа почна третиот бран на ковид-кризата и беше навистина несоодветно време кога приватниот сектор оди со рационализирање, дополнителниот додаток да не се исплати – рече премиерот.






Тој потенцира дека поради тоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и со овие средства се опфатени сите кои што спаѓаат во ваквите колективни договори.

– Сумата за јавната администрација е 31,6 милијарди денари и која е намалена и рационализирана и одиме на политиките за рационализација на јавната администрација. Како што имаме кажано во моментов имаме околу 132.000 вработени, а пред 4 години имавме повеќе од 160.000 јавна администрација. Во оваа година очекуваме да стапат на сила и законот за порано пензионирање, односно задолжително со 64 години, а тоа дополнително ќе влијае на самата бројка – вели Заев.

Поврзани содржини