📽️ ГО ЗАМОЛИЛА РОБЕРТ ДЕ НИРО ДА СИ ОДИ ОД НЕЈЗИНАТА СВАДБА Џенифер Лоренс се вознемирила кога го видела изразот на неговото лице
Роберт де Ниро потврди дека Џенифер Лоренс навистина му рекла да си оди од нејзината свадба со Кук Марони во 2019 година. Актерката за овој необичен момент проговори дури во 2024 година
Роберт де Ниро конечно ја раскажа својата страна на приказната за необичниот момент од свадбената прослава на Џенифер Лоренс во 2019 година, кога актерката му предложила да си замине затоа што мислела дека не му е пријатно.
Лоренс се омажи за Кук Марони во октомври 2019 година, на раскошна церемонија во историската палата Белкурт во Њупорт, на Род Ајленд. Де Ниро бил меѓу гостите, но актерката забележала дека тој се движи сам и дека не познава речиси никого на забавата.
Во едно интервју во јануари 2024 година, таа раскажа дека му пришла и тивко му рекла:
– Оди си дома.
Таа објаснила дека се чувствувала вознемирено гледајќи го изразот на неговото лице и дека сакала да му биде убаво на свадбата, па неговото заминување ѝ донело олеснување.
Сега, шест години подоцна, Де Ниро ја прокоментира приказната во видео за „Венити фер“, во кое учествуваше на тест со детектор за лаги заедно со колегите Бен Стилер и Аријана Гранде. Кога Гранде го праша дали е точно дека Џенифер го замолила да си замине, тој потврди.
На прашањето дали навистина бил вознемирен или само имал таков израз на лицето, актерот одговори дека всушност си поминувал сосема добро.
– Беше интересно искуство, но таму немаше никој што го познавав. Не дека морав да познавам некого. Тоа беше нивна забава и беше прекрасно место – објасни Де Ниро.
Тој додаде дека му било мило што Џенифер била внимателна кон него и се загрижила дека не ужива на прославата, но нагласи дека немал проблем со ситуацијата.
Де Ниро и Лоренс имаат блиски и пријателски односи уште од заедничките филмови „Silver Linings Playbook“, „American Hustle“ и „Joy“. Во 2016 година, кога му ја врачуваше наградата за извонреден придонес во медиумите на доделувањето на наградите на организацијата ГЛААД, Лоренс го опиша како еден од најголемите актери и најљубезните луѓе што ги запознала.
Во 2024 година, Де Ниро веќе изјави дека не му било непријатно на свадбата и дека останал околу еден час.