📸 ГО ПОСЕТИЈА ДЕН ПО ПОГРЕБОТ Вдовицата и ќерката на Пригожин видени на неговиот гроб
Сликата од мајката и ќерката со црни очила за сонце и марами беше објавена на каналот Телеграм, група блиска до Вагнер.
Љубов Пригожина, вдовицата на Евгениј Пригожин, заедно со една од ќерките беа видени меѓу ретките луѓе кои го посетија неговиот гроб еден ден по скромната церемонија во предградието Пороховско во Санк Петербург.
Плусинфо веќе пишуваше за Љубов и нејзината поврзаност со семејните бизниси. Таа е сопственичка на бутици и велнес центри.
Сликата од мајката и ќерката со црни очила за сонце и марами беше објавена на каналот Телеграм, група блиска до Вагнер. Нивната посета доаѓа ден подоцна, далеку од очите на јавноста.
Павел, синот на Пригожин и самиот се бореше во „Вагнер“ во Сирија за што доби награда Црн Крст. Тој сега ја води компанијата „Лахта Плаза“, која доставува рударска и шумарска опрема за компании во Африка. Ќерките се викаат Полина и Вероника.
Сите негови деца имаат удели во деловната империја за која не се знае како ќе биде поделена.
ЉУБОВ Е НЕЈЗИНОТО ИМЕ, А ГИ ВОДИ СИТЕ БИЗНИСИ Вдовицата на Пригожин успешно се крие од јавноста