Лишен од слобода е 41-годишниот С.Ш. од тетовско Селце-Кеч, вчера (20 март) околу 19 часот и 50 минути на улицата Панче Поповски во Гостивар, соопшти СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.
– Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.