GLEY ПАКЕТ ЗА А1 КОРИСНИЦИ Активирајте преку Мојот А1
Активацијата на Gley пакетите е можна преку Мојот А1, со повик во Контакт центарот на А1 на 077 1234 или преку продажните места на А1.
А1 Македонија ја најавува најновата соработка со првата македонска национална видео-стриминг платформа Gley и информира дека отвара уште една можност за своите корисници да имаат пристап до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии на едно место, сите преведени на македонски и на албански јазик.
Со оваа соработка, сите постпејд А1 корисници на мобилните и фиксни услуги добиваат ексклузивна можност да пристапат до атрактивните содржини на Gley со активирање на Glеy Standard пакетот за месечна претплата од само 299 денари месечно и тоа да ги следат Gley содржините на 2 уреда истовремено или да го активираат Gley Family пакетот и за 399 денари месечна претплата да гледаат на 4 уреди истовремено. Дополнително, сите кои ќе активираат еден од двата пакета добиваат период од 7 дена бесплатно следење на Gley содржините.
Активацијата на Gley пакетите е можна преку Мојот А1, со повик во Контакт центарот на А1 на 077 1234 или преку продажните места на А1. Со активацијата, корисникот ќе добие код кој ќе го употреби при регистрација на Gley со што ќе може да ужива во најпопуларните серии и филмови кога било и каде било и да ги следи на сите уреди по свој избор во HD резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV смарт-телевизорите, на персонални компјутери, таблети или мобилни телефони со инсталација на апликацијата Gley.
Повеќе информации можете да најдете на www.A1.mk