ГЛЕДАТЕ ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ЧЛЕНКА НА НАТО? Кузеска од СДСМ ги советува граѓаните да бидат спокојни

Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое, за жал, во вакви трагични моменти, особено го потенцираме. Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

3,683

Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

– Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое, за жал, во вакви трагични моменти, особено го потенцираме. Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО. За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет. Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме. Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот. И тоа не е воопшто мала, туку голема, огромна работа – рече Кузеска.






Би сакала да ги споменам и добро поставените економски политики, додаде таа.

– Бидејќи воените судири секако ќе ја продлабочат енергетската криза исклучително е важно што владата предводена од СДСМ исправно се постави. Сите ресурси ги насочи кон соочување со последиците од енергетската криза и презеде низа ерки за заштита на стандардот на граѓаните. Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните. Тоа е одговорно и државничко однесување и кон граѓаните и кон државата. Тоа е СДСМ – рече Кузеска.

Поврзани содржини