🎥 ГЛАМУР, МОДА И МАЛА СЕМЕЈНА ДРАМА НА БРИТАНСКАТА ЕЛИТНА СВАДБА Ќерката на Гордон Рeмзи се омажи без семејството на младоженецот, а 14-годишната Харпер Бекам го украде шоуто

Свадбата на Холи Ремзи, ќерката на славниот британски готвач Гордон Ремзи и олимпискиот пливачки шампион Адам Пити беше обележана со елеганција, гламур, но и со отсуството на неговите родители кое не помина незабележано. Меѓу бројните гости, за најдобро облечена беше прогласена 14-годишната ќерка на Викторија и Дејвид Бекам

430

Свадбата на Холи Ремзи, ќерката на славниот готвач Гордон Ремзи, и олимпискиот пливач Адам Пити, која се одржа во саботата во величествената опатија Бат, собра крем од британската јавна сцена. Меѓу бројните познати гости, вниманието особено го привлече семејството Бекам, а најмногу – нивната 14-годишна ќерка Харпер, која беше прогласена за една од најдобро облечените гости на настанот.

Холи до олтарот ја придружуваше нејзиниот татко Гордон Ремзи, а церемонијата помина во знакот на класична елеганција и дискретен луксуз. Но, модниот момент што се прераскажува и денот потоа беше појавувањето на Харпер Бекам, која на свадбата пристигна со родителите Викторија и Дејвид, како и со браќата Ромео и Круз.






Харпер беше облечена во елегантен темно син сатенски фустан од модната колекција на нејзината мајка. Се заштити од студот со гламурозна црна пердувеста наметка која на целиот изглед му даде романтичен шмек. Комбинацијата ја заокружи со популарна чанта од брендот Bottega Veneta.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Многу модни критичари се согласија дека изборот на Харпер е совршен спој – луксузен, но не претеран и соодветен за пригодата, што исто така покажуваше почит кон невестата.

Овој фустан не избега од вниманието на следбениците на стилот на семејството Бекам. Всушност, Харпер ја носеше истата полноќно сина креација во јули оваа година на прославата на 50-тиот роденден на нејзиниот татко Дејвид, која се одржа на нивниот семеен имот во Котсволдс.

Викторија Бекам исто така ја следеше својата ќерка, избирајќи сатенски фустан, уште еднаш покажувајќи ја хармонијата и префинетиот вкус што го делат мајката и ќерката.

И покрај гламурот, раскошната свадба беше засенета од семејна драма. Овојпат, драмата не се однесува на семејството Бекам чии односи со најстариот син ги полнат насловните веќе подолго време, туку за семејната драма на младоженецот чии родители не биле поканети на церемонијата, а целиот настан бил опкружен со невидени безбедносни мерки.

 

Британските медиуми објавија дека родителите на младоженецот, Адам Пити, не биле поканети на свадбата, но причините за ова официјално не се коментирани.

И покрај тоа, свадбата на Холи Ремзи и Адам Пити ќе се памети како еден од најелегантните настани на годината што изминува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Поврзани содржини