ГИ ТЕРАЛА ДЕЦАТА ДА ПИТАЧАТ Приведена 46-годишна скопјанка
Претходно, истиот ден, на крстосницата од булевар Србија со булевар Јане Сандански биле затекнати нејзините 2 малолетни деца како питачат.
На подрачјето на Аеродром-Скопје вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.
Претходно, истиот ден, на крстосницата од булевар Србија со булевар Јане Сандански биле затекнати нејзините 2 малолетни деца како питачат.
– Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – соопштија денеска од МВР.