ГИ РАЗОРУВААТ БУБРЕЗИТЕ, А МНОГУМИНА ГИ ЈАДАТ СЕКОЈДНЕВНО Овие три намирници се на црната листа

9,983

За бубрезите правилно да функционираат, потребно е да водите сметка за храната што ја внесувате во организмот.

Овие три намирници особено негативно влијаат на овој орган.






Лекарите велат дека тие можат да ја забават работата на бубрезите, но и да предизвикаат создавање на песок, а кај многумина редовно се наоѓаат на трпезата. Оваа храна најпаметно би било да ја исфрлите од исхраната или барем да ја сведете на минимум.

Црвено месо и месни преработки

За да не ги оштетите бубрезите, не консумирајте повеќе од три порции црвено месо неделно. Високиот внес на црвено месо е поврзан со терминален стадиум на бубрежна болест (ESRD), вели студија објавена во „Journal of the American Society of Nephrology“.

Експертите препорачуваат од исхраната да ги исфрлите и преработките од свинско месо. Една обемна анализа која опфатила 23 студии вели дека консумирањето на салама, шунка, сланина и колбаси го зголемува ризикот од развој на малигнитет на бубрезите.

Компири

Компирите се убедливо најпопуларната намирница не само кај нас, туку и во светот. Меѓутоа, треба да бидете внимателни со овој зеленчук доколку имате некакви бубрежни тегоби.

Компирите се богати со калиум кој негативно влијае на лицата кои имаат хронична бубрежна болест. Утврдено е дека пациентите кои боледувале од бубрежна болест и кои имале голема количина на калиум во серум живееле пократко од оние на кои нивото на овој минерал им било пониско.

Газирани пијалаци

Според бројни истражувања, консумирањето на газирани пијалаци во голема мера ги оштетува бубрезите. Експертите откриле дека оние кои пиеле повеќе од четири чаши газирани сокови неделно имале значително поголем ризик за развивање на хронична бубрежна инсуфициенција.

Поврзани содржини