📽️ ГЕСТ ШТО ЈА ТРОГНА ЈАВНОСТА Семејството на починатиот Аган го прегрна момчето што му посвети гол

Гестот на семејството на трагично починатиот Аган Асани предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

55

Семејството на трагично починатиот Аган Асани oд Черкезе го посети младиот фудбалер Давид Докмановиќ од Уминдол, кој неодамна му посвети гол. Во знак на благодарност, му ја подарија топката со која Аган играл во својот дом.

Средбата беше полна со емоции.






Гестот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина ја истакнаа човечноста, емпатијата и силната порака на пријателство и почит што ја испратија двете семејства.

Давид, кој игра за ФК Еуроспорт го постигна голот само неколку денови откако Асани трагично го загуби животот.

Асани беше удрен од автомобил додека возел електричен тротинет.

Неговата смрт предизвика голема тага во Куманово и пошироко, а споменот за него продолжува да живее.

Поврзани содржини