Германија планира во јуни да ги отвори границите кон соседите

Австрија ќе почне да ги олеснува граничните контроли со Швајцарија во следните неколку дена и да ги укине во јуни.

424

Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни, произлегува од телефонскиот разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц.

Кабинетот на канцеларот Курц потврди за АПА дека официјални лица разговарале, но не соопшти детали.






Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави „двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот.

Од денеска се отвора германско-австриска граница за жителите на пограничниот регион, како и за оние кои работат преку граница, откако беше постигнат договор за отворање на неколку помали премини.

Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот режим да продолжат на неодредено време. Според неа, владата ќе разгледа понатамошни чекори кон отворање на границите

Според „Билд“, отворањето на границите ќе се одвива постепено, а граничните контроли ќе се вршат на случаен примерок.

Од 15 јуни, границите би можеле во целост да бидат отворени.

Австрија ќе почне да ги олеснува граничните контроли со Швајцарија во следните неколку дена и да ги укине во јуни, изјави канцеларот Себастијан Курц за швајцарски СРФ, пренесува Гардијан.

– Имаме добра комуникација со швајцарската Влада. Наша цел е да постигнеме договор во наредните денови за позначајни олеснувања и целосно да ги укинеме граничните контроли во јуни – рече Курц.

Во последните неколку недели Швајцарија и Австрија, со намалувањето на бројот на заразени и починати од коронавирусот, почнаа да отвораат некои затворени премини и да ги олеснат мерките за преминување граница.

Швајцарија има околу 30.400 заразени и 1.561 смртни случаи, додека Австрија има пријавено за 16.000 инфекции и 600 смртни случаи.

Поврзани содржини