ГЕРМАНИЈА ЌЕ Ѝ ИСПОРАЧА 2 СИСТЕМА „ПАТРИОТ“ НА УКРАИНА Киев прво ќе добие фрлачи, па дополнителни компоненти

Бундесверот ќе испорача дополнителни лансери од системот „Патриот“ на Украина во наредните денови, а потоа и други делови од системот во рок од 2-3 месеци.

773

Германија ќе ѝ испорача на Украина уште 2 система „Патриот“, откако постигна договор со САД според кој Берлин ќе биде прв на листата за добивање на најновите системи како возвратна услуга, соопшти германската Влада, објави Ројтерс.

– Благодарение на американската заложба, Германија може првично да ја поддржи Украина со фрлачи, а потоа и со дополнителни компоненти од системот Патриот – изјави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.






Бундесверот ќе испорача дополнителни лансери од системот „Патриот“ на Украина во наредните денови, а потоа и други делови од системот во рок од 2-3 месеци.

Во замена, Германија ќе добие нови „Патриот“ системи од САД со забрзано темпо, за што самата обезбедува финансиски средства.

Потребите на Украина за противвоздушна одбрана стануваат сè поитни бидејќи Русија го засили своето воздушно бомбардирање низ целата земја ова лето, а системите „Патриот“ се покажаа како особено ефикасни во пресретнување на руски балистички ракети.

Германија веќе има испорачано 3 системи „Патриот“ на Украина и во петокот порача дека испраќањето на дополнителни системи нема да го наруши нејзиниот придонес кон НАТО.

Поврзани содржини