(ГАЛЕРИЈА) МЕСТА ЗА 150 ПАЗАРЏИИ, ПАРКИРАЊЕ НА ПОКРИВОТ Погледнете како ќе изгледа новиот пазар во Драчево

Објектот ќе се протега на површина од 3.000 квадратни метри, со целосно уредена инфраструктура, 60-тина деловни објекти, супермаркет и паркинг за 130 возила на покривот.

1,450

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и директорот на АД “Скопски Пазар” Младен Дамев денеска поставија камен темелник за почеток на изградбата на нов модерен затворен пазар во населбата Драчево.

Објектот ќе се протега на површина од 3.000 квадратни метри, ќе биде енергетски ефикасен, со целосно уредена инфраструктура, 60-тина деловни објекти, супермаркет и паркинг за 130 возила на покривот.






Жителите на населбата Драчево, како и продавачите кои имаа тезги на досегашниот пазар, може да ја очекуваат финализацијата на овој модерен пазар во март следната година.

– Објектот што од денес почува да се гради ќе располага со 60-тина деловни објекти, еден голем супермаркет, магацински простории, санитарни јазли, ќе има три влеза, како и пешачка улица

Своите земјоделски производи ќе можат да ги пласираат околу 150 пазарџии, што значи дека за првпат после 50 години нашите жители добиват квалитетен простор за пазарење, дополнет со 130-тина паркинг места кои ќе бидат достапни на покривот на овој нов затворен пазар – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари на сите пазарџии и од нив побара само уште малку трпение додека траат градежните активности, бидејќи изработката на квалитетно решение подразбира зафати кои ќе траат неколку месеци

Сакам да ги известам дека активно работиме на изнаоѓање на времено решение, со цел овој период да немаат пречки во работата – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Директорот на АД Скопски Пазар, Младен Дамев ги презентираше генералиите на проектот нагласувајќи дека позицијата на пазарот е одлична и дека очекува истиот да биде ова е биде еден од најпрепознатливите објекти во оваа населба.

– Со инвестиција од околу 180 милиони денари, една од најголемите населби во Скопје, ќе добие најсовремен пазар со модерен лик. На површина од 3.000 м2, со 30 локали, 32 киосци и еден супермаркет, а она што посебно би сакал да го нагласам е паркинг просторот со 130 паркинг места. Позицијата на пазарот кој се наоѓа во самиот центар на населбата Драчево, ми дава за право да кажам дека ова е биде еден од најпрепознатливите објекти во оваа населба – рече Дамев.

Поврзани содржини