ГАЛЕРИЈА Еве каква е ситуацијата на патарините пред почетокот на полицискиот час
И Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен.
Огромен метеж може да се забележи пред патарините на само неколку часа пред почетокот на тридневниот полициски час во земјава. Како што може да се види од безбедносните камери поставени пред наплатните рампи, долги колони возила се упатуваат надвор од Скопје.
И Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен.
Во извештајот за состојбата на патните правци од 18 часот, АМСМ соопштува дека попладнево е нормализиран сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш кај Пилав Тепе.