Г-20 да не воведува нови ограничувања на извозот, повика Светска банка

Светската банка наведе дека пандемијата ќе ја турне светската економија во длабока рецесија, ќе ги наруши синџирите за снабдување и ќе ги погоди клучните економски јазли.

305

Светската банка денеска ги повика земјите од Групата 20 најсилни светски економии да не воведуваат нови ограничувања на извозот на медицински средства, на храната и другите производи клучни за борбата против коронавирусот, јавија британските медиуми.

Во изјава на видео конференција на министрите за трговија на Г-20 високо рангиран претставник на Светската банка наведе дека пандемијата ќе ја турне светската економија во длабока рецесија, ќе ги наруши синџирите за снабдување и ќе ги погоди клучните економски јазли.






За да се избегне ударот на пандемијата врз најсиромашните земји, кои имаат ограничени можности за набавка на медицински средства, најголемиот светски кредитор, исто така, ги повика членките на Г-20 да ги отстранат или намалат царините на увозот на производите клучни за борбата против коронавирусот и да ги намалат или проивремено суспендираат царините и извозните такси врз храната и другите основни производи.

Поврзани содржини