ФРАНЦУЗИТЕ НАВАЛИЈА НА ПЕЧКИ НА ДРВА Се прават залихи од пелети пред зимата
Стравот од недостиг на енергија ги натера потрошувачите да направат залихи пред зимата, се вели во соопштението.
Граѓаните во Франција се повеќе планираат да користат печки на дрва поради поскапувањето на енергенсите, што доведе до огромна побарувачка на пелети, јавува Анадолија, пишува Ал Џезира Балканс. Веќе постои загриженост за голем дефицит на понудата по огромниот пораст на побарувачката, пренесува Б92.
„Стравот од недостиг на енергија ги натера потрошувачите да направат залихи пред зимата“, се вели во соопштението.
Федерацијата за запаливи материјали, гориво и греење, која има 300 добавувачи, соопшти дека приоритет ќе им даде на своите редовни клиенти во зависност од тешката зима и големината на побарувачката.
Од друга страна, француските медиуми наведуваат дека поради недостигот на руски гас и енергија, цената на струјата за мегават-час во земјата во 2023 година ќе достигне 1.075 евра, соборувајќи историски рекорд.