Франција: Задолжителен негативен тест за сите кои не се од држави од ЕУ

213

Премиерот на Франција Жан Кастекс соопшти вечерва дека ќе биде потребен негативен тест за влез во државата за сите кои доаѓаат од држави што не се членки на Европската унија.

Тој додаде дека во Франција од денеска се воведува и полициски час од 18 часот на национално ниво наместо од 20 часот.






Потезите се во насока на спречување на ширење на ковид-19, јави телевизијата БФМ.

Новиот пакет мерки ќе стапи на сила низ целата држава, не само во 25-те департмани каде што во моментов се применуваат ограниченото движење, се додава во извештајот.

Поврзани содржини