ФРАНЦИЈА СКРИШНО ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО Сината стана потемно сина, како во Француската револуција (ФОТО)

Одлуката донесена од претседателот Макрон во јули 2020 година предизвика внатрешни дебати во Елисејската палата. На крајот, сите знамиња во палатата беа сменети. Се смета дека на одлуката влијаел и адмиралот Бернар Рогел, бидејќи француската морнарица веќе користи темносина на бродовите.

1,095

Претседателот Макрон решил преку ноќ да го смени знамето на Франција, а речиси никој во светот не забележа. Се работи за мала, а голема промена: трите бои од „тробојката“ остануваат исти, но според „Европа 1“ претседателот сакал да ја врати темносината боја, која е симбол на Француската револуција, наспроти светлосината која во 1976 година била првпат воведена за да одговара на сината од знамето на ЕУ, пишува Б92.

 






Одлуката донесена од претседателот Макрон во јули 2020 година предизвика внатрешни дебати во Елисејската палата. На крајот, сите знамиња во палатата беа сменети. Се смета дека на одлуката влијаел и адмиралот Бернар Рогел, бидејќи француската морнарица веќе користи темносина на бродовите.

Всушност, француската морнарица и многу згради низ земјата отсекогаш користеле темносина нијанса. Според некои, тоа е поестетски. Сепак, како што се наведува, сите заинтересирани инсистираат промената на бојата да не се толкува како гест против ЕУ.

Поврзани содржини