Франција очекува нов бран заразени во октомври
Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, на почетокот на јули соопшти за 400 до 500 активни жаришта на ковид-19, но додаде дека нема знаци на втор бран на вирусот.
Вториот бран на коронавирот, што се уште е активен во Франција, најверојатно ќе се појави во периодот од октомври до декември – изјави претседателот на францускиот Научен совет за ковид-19, Жан Франсоа Делфраси.
– Најверојатно сценарио е дека ќе имаме вистински втор бран на заболувањето – рече Делфраси, додавајќи дека вирусот може да се врати во периодот октомври-ноември-декември.
Тој, исто така, даде две други верзии на епидемиолошката состојба, кажувајќи дека болеста или се враќа и исчезнува, или станува „еден вид хроничен ковид-19, хронично заболување во кое вирусот се врти околу една година, но со многу помал интензитет “
Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, на почетокот на јули соопшти за 400 до 500 активни жаришта на ковид-19, но додаде дека нема знаци на втор бран на вирусот.
Француските власти до денеска потврдија 214.023 случаи на заразени со Ковид-19 и 30.180 жртви на пандемијата.