ФРАНЦИЈА ЈА ПОБЕДИ АВСТРИЈА СО АВТОГОЛ Тежок старт за „триколорите“ на ЕУРО 2024

Австријците пропуштија шанса за погодок за почетно водство, а две минути подоцна си постигнаа автогол и ѝ подарија победа на Франција.

162

Фудбалерите на  Франција, забележаа минимална победа против Австрија (1-0) во тежок натпревар на стартот од натпреварите во групата Д на Европското фудбалско првенство во Германија.

Французите ги освоија трите бода по автоголот на Максимилијан Вебер во 38. минута, по кој се израмнија со Холандија, која ја победи Полска со 2-1 во другиот натпревар од групата.






Избраниците на Дидие Дешан се соочија со сериозен отпор од тимот на Ралф Рангник, поради што натпреварот не помина според очекувањата на многумина.

При 0:0 Австријците пропуштија шанса за погодок, а две минути подоцна си постигнаа автогол.

Поврзани содржини