Фотографијата од вакцинирањето на Карлеуша стана хит и го обиколи светот ФОТО

3,598

Фотографијата на српската пејачка Јелена Карлеуша во кабината за вакцинација стана вирална на интернет, и го обиколи светот. Имено, фотографијата на која популарната пејачка исплашено гледа во толпата фоторепортери и сниматели кои се натпреварувале за што подобар кадар, заврши на централната насловна страница на австрискиот дневен весник „Heute“. Дури и Флоријан Бибер имал коментар на фотографијата.

Освен што Карлеуша, откако ја прими првата доза од вакцината „Фајзер“, се најде на насловните страници на странските медиуми, на социјалните мрежи, претежно на Твитер, корисниците почнаа масовно да ја споделуваат со духовити коментари.






Пејачката ја сподели насловната страница на спомнатиот австриски весник на Инстаграм, додавајќи во описот:

„Фотографија на годината, станува глобално вирална“.

А, судејќи според тоа колку пати е споделена на социјалните мрежи, Карлеуша очигледно е во право.

Подолу e еден од духовитите коментари на хит-фотографијата од вакцинирањето на Карлеуша.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини