(ФОТО+ВИДЕО) ТАМАРА ГРУЈЕСКА ЈА ИМАШЕ ПРВАТА ПРОБА НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ Позитивни коментари за младата пејачка
Тамара, која наскоро ќе наполни 13 години, со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ ќе ја претстави Македонија на 26 ноември.
Младата Тамара Грујеска од Гостивар е годинешната македонска претставничка на Јуниорскиот Евросонг што се одржува во Ница, Франција. Тамара, која наскоро ќе наполни 13 години, со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ ќе ја претставува Македонија на 26 ноември.
View this post on Instagram
Тамара вчера го имаше претставувањето на црвениот тепих на отворањето на церемонијата за Јуниорскиот Евросонг 2023, а и првата проба во концертната сала „Palais Nikaia“ во Ница, Франција.
Тамара претходно, со знамето на Македонија се појави на евровизискиот црвен тепих.
View this post on Instagram
Инаку, Тамара со „Кажи ми, кажи ми кој“ ќе настапи шеста по ред в недела.
Автор на песната е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров.
Спотот за песната е објавен на Јутјуб и веќе има бројни позитивни коментари.